(Видео) Две торнада во Кина, загинаа 12 луѓе

 (Видео) Две торнада во Кина, загинаа 12 луѓе

Во налет на две торнада над кинескиот град Вухан и градот во источната покраина Јуангсу загинаа 12 луше, стотици се повредени и уништени се домови и имот, објави денеска агенцијата Синхуа.

Осуммина загинаа во Вухан, во покраината Хубеи, а 280 се повредени откако торнадо во петокот вечерта го опустоши округот Чаидиан, објави агенцијата.

Торнадото урна 27 lуѓе, а оштетени се уште 130, како и објекти на градилиште.

Пораснав во Вухан и никогаш не сум видел нешто слично

„Пораснав во Вухан и никогаш не сум видел нешто слично“, вели жител на градот во сведоштво на социјалните мрежи. „Во последно време, временските прилики се екстремни“, додава тој.

Уште едно торнадо го погоди градот Шенгзе, на подрачјето на Сожу во покраината Јиангсу, каде торната се чести, при што загинаа четворица, а 149 се повредени, пренесе Синхуа.

Пожарникарите соопштија дека ветровите оштетиле електроенергетски објекти и урнале неколку фабрики, додава агенцијата.

Климатски промени

Торнда често ја погаѓаат Јиангсу во доцна пролет и рано лето.

Кинескиот комерцијален центар Шангај, оддалечен 100 км од Сужо, исто така беше погоден од невреме со грмотевици, поради што метеоролозите прогласија тревога.

Посилни бури се очекуваат во Шангај и во останатите делови на регионот на делтата на реката Јангце подоцна во сабота, најави државната метеоролошка агенција.

Кина се соочува со екстремни временски услови како последица на климатските промени, рече за новинарите во април метеорологот Јиа Саолонг, додавајќи дека се очекува ризик од катастрофални жештини и поплави во следните години, што би бил се поголем.

>
>