ВИДЕО: Еколошка катастрофа на плажа во Хрватска – луѓето бегале од силната смрдеа, кафеава дамка се шири во морето

 ВИДЕО: Еколошка катастрофа на плажа во Хрватска – луѓето бегале од силната смрдеа, кафеава дамка се шири во морето

На најпознатата сплитска плажа Бачвице се случил еколошки инцидент, соопштило еколошкото друштво „Пицигин Бачвице“, која за тоа ја известила инспекцијата на Водовод и канализација.

Друштвото на својата Фејсбук страница објавило кратко видео во кое се гледа огромна смеѓа дамка во морето.

„Недозволливо е во 2021 година да се случуваат вакви работи на најпознатата плажа во Сплит“, навеле од тоа еколошко друштво.

Сплитска Слободна Далмација пишува дека сведоците на овој настан рекле дека во еден момент се почувствувала силна смрдеа.

>
>