
(Видео) Ердоган се закани, Грците исплашени поради турската ракета „Тајфун“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплаши Атина и изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.
Во октомври Турција тестираше домашно произведена балистичка ракета со краток дострел Тајфун над Црното Море, за која рече дека може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.
Анкара е вознемирена од, како што го опишува, зголеменото трупање на грчката војска на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, пренесе Блиц.рс.