ВИДЕО: Евро 2020 започна со автогол, Италија ја урна Турција на „Олимпико“!

 ВИДЕО: Евро 2020 започна со автогол, Италија ја урна Турција на „Олимпико“!

Вечерва на „Олимпико“ стадионот во Рим започна официјално Европското првенство во фудбал со првиот натпревар во групата „А“, домаќинот Италија убедливо со резултат 3:0 триумфираше над Турција.

Мируваа мрежите во првото полувреме, но во второто избраниците на селекторот Роберто Манчини го скршија отпорот на турските фудбалери. Во 53 минута автогол си постигна Демирал за водство на Италијанците од 1:0. Интересен е податокот кој вели дека за првпат во историјата Европско првенство стартува со автогол.

Предноста беше зголемена во 66 минута кога после асистенцијата на Спинацола, Имобиле стрелаше во мрежата на Чакир за 2:0.

Во 79 минута турскиот голман не реагираше најдобро, италијанските репрезентативци веднаш ја украдоа топката која дојде до Имобиле, а овој асистираше до Инсиње на кој не му беше тешко да се запише во листата на стрелците и на тој начин го постави конечниот епилог.

Серијата на Италијанците продолжува, веќе девет натпревари по ред не знаат за примен гол.

Вториот меч од стартната рунда во оваа група ќе се игра в сабота од 15.00 часот помеѓу Велс и Швајцарија на стадионот во Баку, Азербејџан.

>
>