Видео +фото: Возило “слета” во Охридско Езеро

Видео +фото: Возило “слета” во Охридско Езеро

Патнички автомобил “слета” во водите на Охридското Езеро помеѓу месноста Горица 2 и Горица 3. Во инцидентот, за среќа, нема жртви и повредени.

Како што неофицијајно дознаваме причина за незгодата е невнимание, односно непрописно паркирање. Возилото кое било паркирано на надолнина само тргнало и завршило во езерските води.

Возилото со помош на специјалниот брод на Хидробиолошкиот завод и механизација е извлечено од езерото.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа која треба да ги расветли околностите за необичната незгода.

извор:OhridNew

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds