ВИДЕО: Хотел на три ката срамнет со земја во Грција- прво снемало струја па следела голема експлозија

 ВИДЕО: Хотел на три ката срамнет со земја во Грција- прво снемало струја па следела голема експлозија

Во експлозијата што се случи синоќа во близина на грчкиот град Касторија уништен е трикатен хотел, објавија локалните власти.

За среќа никој не е повреден во експлозијата што се случи синоќа, но хотелот е уништен.

Силна експлозија, која се случи половина час по полноќ, ја уништи зградата на хотелот со 80 соби, која беше затворена.

Причината за експлозијата не е позната, а првите откритија од истрагата укажуваат на истекување на гас, објави АП.

Јорданис Михаилидис, првиот човек на Сојузот на сопственици на хотели од Касторија, изјави дека експлозијата е силна и дека следи прекин на електричната енергија.

>
>