
ВИДЕО: Инцидент на плоштадот „Скендербег“ во Тирана – со автомобил влетал меѓу луѓето
Сериозен инцидент се случил пред неколку минути на плоштадот „Скендербег“ во Тирана.
Имено, едно лице ги пробило бариерите, и со автомобилот влегло на плоштадот, при што ги загрозило животите на десетици лица присутни на местото.
Едно лице кое било присутно на настанот, интервенирало и го неутрализирало возачот на автомобилот.
Нема повредени граѓани, а возачот на автомобилот е уапсен. Според привичните информации истиот бил под дејство на наркотици.