ВИДЕО: Инцидент во Црна Гора – граѓани се качиле на владино возило

 ВИДЕО: Инцидент во Црна Гора – граѓани се качиле на владино возило

На патот Подгорица – Никшиќ дошло до инцидент откако група на граѓани се обидела да спречи поминување на владино службено возило.

Видеото доставено до медиумите во Подгорица покажува група граѓани кои се качиле врз возило „мерцедес“ , кое припаѓа на секторот за протоколарни работи на Генералниот секретаријат на Владата.

Две лица кои биле качени на хаубата на возилото, откако тоа започнало да се движи, паднале на патот.

Членови на Алијансата за патриотски комитет се собрале и пред зградата на Владата каде протестираат против најавената одлука за промена на одлуката за државјанство и на Законот за престој.

Протестот започна и покрај информациите на подгоричките медиуми дека оваа одлука не била ни предвидена на дневниот ред на владата.

>
>