
ВИДЕО: Италијанското знаме на небото и гласот на Павароти за охрабрување на Италијанците
Жителите на Италија се во очајна ситуација поради коронавирусот. За да ги охрабрат во овој тежок период, припадниците на италијанското воздухопловство на небото го „испишаа“ нивното знаме додека во позадина свиреше аријата „Nessun Dorma“ во изведба на Павароти.
Погледнете видео од овој момент:
Италијанците, кои се во домашна изолација, на своите балкони и прозорци го поставуваат знамето на Италија.