
ВИДЕО: Изби пожар на блок 3 во РЕК Битола – нема повредени, пожарот е исгаснат
Голем пожар кај главната трафостаница во РЕК Битола.
Од Електрани на Северна Македонија за ТВ21 велат дека избило пожар на блок 3.
„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, додаваат од ЕСМ за ТВ21.