ВИДЕО: Како беше спасена скопјанката што сакаше да скокне од балкон

 ВИДЕО: Како беше спасена скопјанката што сакаше да скокне од балкон

Триесет ипет годишна скопјанка беше спасена денеска во специјална полициска акција во која учествуваше и противпожарната бригада. Таа стоеше на работ од балкон на петтиот кат во зграда на улицата Илинденска денеска околу пладне. Спасувањето траеше повеќе од четири часа. Самата акција е вознемирувачка, напната. Во видеото на телевизија Сител се гледа како течеше. 

Од противпожарната бригада велат дека интервенирале веднаш штом го добиле повикот од соседите, околу 12 часот попладнево.

Соседите кои не сакале да зборуваат пред камера велат дека ова не е прв ваков обид на 35 годишната скопјанка. Причините ги утврдува и МВР, од каде повеќе детали најавуваат следните денови.

Откако беше приведена девојката со возило на итната медицинска помош беше пренесена во психијатриската болница Бардовци. 

Извор Сител

>
>