
Видео: Како изгледа DDoS напад
Веројатно знаете што е DDoS напад. Терминот означува Distributed Denial of Service, каде што веб-страната се пристапува од голем број на инфицирани компјутери и уреди. Сепак, не веруваме дека сте виделе како сето тоа изгледа визуелно..

Благодарение на дечките од VideoLan, производителите позади популарниот VLC медиа плеер, сега можеме да видиме како DDoS изгледа „во живо“. Еве што се случува на серверите на компанијата.
Благодарение на дечките од VideoLan, производителите позади популарниот VLC медиа плеер, сега можеме да видиме како DDoS изгледа „во живо“. Еве што се случува на серверите на компанијата.
Според Ludovic Fauvet, веб-страната на VLC добивала над 400 пристапувања во секунда, односно над 200 побарувања за симнување на плеерот во секоја секунда. Со ова, би се направил сообраќај од 30 Gbps, кој би ја блокирал веб-страната. За среќа, сигурносниот тим на VLC го открил нападот и ги блокира сите инфицирани пристапи.