
(Видео) Како се тресеше Лерин од земјотресот кој ги остави битолчани на улица
Силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер ја погоди Грција, во близина на Лерин а се почувствува и во Македонија. Земјотресот предизвика вознемиреност меѓу жителите во Охрид, Струга и Битола.
Земјотресот бил на 23 километри јужно од Битола, а почувствуваниот земјотрес тука бил 4,8 степени.
На едно од видеата кои се појавија социјалните мрежи се гледа како од силниот потрес се рушат предмети во куќа, а домашното милениче преплашено и не може да избега.