• 26/09/2020

(ВИДЕО) КАМЕРИТЕ ГО „УЛОВИЈА“: Човек плива во поплавената Венеција

 (ВИДЕО) КАМЕРИТЕ ГО „УЛОВИЈА“: Човек плива во поплавената Венеција
loading...
Advertisement

Маж плива на плоштадот Свети Марко во Венеција. Ова се гледа од видео снимките на камерите кои го „уловија“. 

По обилните дождови се создаде еден вид базен со вода на плоштадот и веќе е „до колена“.

Нивото на водата повторно расте, три дена по највисокото забележано ниво на поплави во последните 50 години. Поплавени се цркви, продавници, домови.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера прогласи вонредна состојба во градот, откако нивото на водата достигна 1,87 метри.

Конте на Твитер напиша дека италијанскиот кабинет одобри 20 милиони евра за помош на градот да се опорави од поплавите.

Воздушните снимки покажуваат за какви поплави станува збор.

Регионалниот совет на италијанската област Венето, која ги опфаќа Венеција, Верона и околината, во вторникот беше поплавен првпат во историјата, и тоа баш откако ова тело ги одби предложените мерки за борба против климатските промени.

Поплавена Венеција се подготвува за уште еден голем бран денеска. Градот е загрозен, не само како туристичка дестинација, туку и за околу 50-те илјади луѓе кои живеат во Венеција.