ВИДЕО: Катастрофални поплави во Саудиска Арабија, буицата носеше коли низ Мека

 ВИДЕО: Катастрофални поплави во Саудиска Арабија, буицата носеше коли низ Мека

Во екот на одбележувањето на месецот Рамазан, во најголемото муслиманско светилиште – Мека во Саудиска Арабија, се случија катастрофални поплави предизвикани од поројните дождови.

Снимките кои беа воглавно објавени на социјалните мрежи покажуваат како силната буица длабока над еден метар влече автомобили и носи се што ќе ѝ се испречи на патот.

Поплавата била особено интензивна во населвите Ал-Отаиби и Ал-Маабда, каде водата поради одложеното одлевање го надмина нивото на прозорците на автомобилите, поплавувајќи ги подрумите и приземните катови на куќите

>
>