(ВИДЕО) Колку дождот и влажниот коловоз може да биде опасни?

 (ВИДЕО) Колку дождот и влажниот коловоз може да биде опасни?

Дождот, а особено влажниот коловоз знае да биде вистинска закана за безбедноста во сообраќајот. Во одредени случаи не помагаат ниту бројните системи за сопирање и асистенција и зголеменото внимание на возачот. Затоа и се вели дека кога има дожд и мокар коловоз „се отворат четири очи“, брзината се намалува и се внимава што се случува на патот пред вас, за да може навреме да се реагира.

Какво е влијанието на дождот и невниманието, може да се види и од сообраќајната незгода која се случи во САД, а во која возач на Subaru Ascenta поради недоволно внимание и навремено сопирање буквално се заби во задниот дел на Toyota Tacoma.

Настанот е снимен од камерите на возило кое се наоѓаше на соседната лента, а најважно е што во сообраќајната незгода нема никој повредено.

Ваквите видеа само потврдуваат дека кога коловозот е влажен, и има дожд треба особено да се внимава. Во тој случај треба да се прилагоди брзината на ситуацијата на патот, и да не се вози со поголема брзина од препорачаната. Во случај на ненадејно сопирање, патот на сопирање ќе биде подолг од вобичаено, а тоа може да значи и сообраќајка.

Извор:24auto.mk

>
>