(Видео) Косовски автобус се преврте во Хрватска, загинаа 10 лица

 (Видео) Косовски автобус се преврте во Хрватска, загинаа 10 лица

Десет лица загинаа откако автобус со косовски регистерски таблички се преврте кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници.

За време на увидот, полициските службеници утврдиле дека станува збор за автобус со косовски државјани и регистарски ознаки.

Според моментално достапните информации загинале 10 лица, додека 30 се пренесени во болница на лекарско лекување.

По завршување на увидот ќе бидат достапни повеќе информации.

Брзата помош и припадници на јавната противпожарна единица Славонски Брод интервенираат околу превртениот автобус.

Околу 6.20 часот, полицијата добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи.

>
>