ВИДЕО: Лапсус ѝ донесе популарност на црногорска пратеничка

 ВИДЕО: Лапсус ѝ донесе популарност на црногорска пратеничка

Тешки зборови си упатија денес еден на друг пратениците во собранието на Црна Гора за време на дискусијата за програмата и составот на владата на мандатарот Здравко Кривокапиќ. Претставниците на опозицијата, како и парламентарното мнозинство, го критикуваа излагањето на премиерот. Сепак лапсусот на пратеничката од Социјалдемократската партија на Црна Гора (СДП), Драгиња Вуксановиќ Станковиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

„Кој го пишува законот за сексуална … за секуларната држава“,  таа брзо се поправи.

Во своето излагање, Вуксановиќ Станковиќ меѓу другото му порача на мандатарот Кривокапиќ да не ја враќа Црна Гора во средниот век клечејќи и бакнувајќи ги рацете на свештениците.

„Ова никогаш не било српска земја, ниту српска држава, ова е Црна Гора и црногорска држава“, рече Вуксановиќ Станковиќ.

Пратеникот на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ, за време на парламентарната расправа упати и провокативно прашање до лидерот на коалицијата „Црно-бело“, Дритан Абазовиќ.

„Сакам да го прашам Дритан дали ќе ги гони Мило и Ацо Ѓукановиќ, Ана Коларевиќ. Ова не е експертска влада, туку влада на Кривокапиќ и Абазовиќ. Идната влада вклучува луѓе кои гласаа за ДПС на последните избори. Мислам на Оливер Ињак, кој е напаѓач на сигурните гласови на ДПС. Пофер беше што си заминал од Предраг Бошковиќ“ – рече Кнежевиќ.

>
>