ВИДЕО: Мане учтиво одговори по ниската провокација од газдата на Ајнтрахт: Им дадовме шест гола…

ВИДЕО: Мане учтиво одговори по ниската провокација од газдата на Ајнтрахт: Им дадовме шест гола…

Садио Мане вчера беше дел од гол фестивалот на баварскиот великан на гостувањето во Франкфурт, каде Баерн буквално го декласираше шампионот во Лига Европа со резултат 1:6.

„Сетот“ од голови за гостите беше најавен во првото полувреме во кое видовме дури пет гола во мрежата на Трап, а еден од стрелците во овој период беше и најголемото засилување за Баерн, Садио Мане.

Сенегалецот одговори на теренот онака како што се очекуваше, а по натпреварот беше приморан да ги коментира и провокациите од газдата на Ајнтрахт.

Петер Фишер пред натпреварот порача „Кој по ѓаволите е Мане?“, изјава која дефинитивно му се удри од глава, бидејќи Садио постигна гол, а неговиот тим загуби 6:1.

– Слушнав што кажа, ги видов вестите, но тоа е само негово мислење. Можеби е во право, можеби не, но тоа не е моја работа. Денеска им дадовме шест гола на теренот. Секој играч во светот се мотивира после такви изјави, но тоа не ме вознемирува. Тој го дал само своето мислење и јас и натаму го почитувам, – вели Мане.

Spoke to Sadio Mané last night on @ESPNFC with @1_LPfannenstiel + @arnefriedrich.

Frankfurt President Peter Fischer joked “Who the **** is Mané?” on Thursday. Spoke about that plus how it compares playing in this system at Bayern with Jürgen Klopp’s at Liverpool. pic.twitter.com/InYfOtQOqK

— Archie Rhind-Tutt (@archiert1) August 6, 2022

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds