(ВИДЕО) Мечка бркала маж по центарот на градот

 (ВИДЕО) Мечка бркала маж по центарот на градот

Вознемирената мечка е снимена како трча по еден човек по улиците на ладен сибирски град.
Невообичаената ситуација се случила во местото наречено Нижневартовск (Западен Сибир).

Имено, локалното население се збунило кога видело мечка како брка човек во центарот на градот со околу 280.000 жители и без никаква шума наоколу.
Се испоставило дека станува збор за женка која е домашно милениче, а сопственикот ја чувал во блискиот хотел, од каде избегала.

Полицијата истражува дали е воопшто легално да се чува и секако како успеала да избега.

На едно од видеата снимени од минувачите се гледа како мечката има „блиска средба“ со автобусот, но според локалните медиуми, таа не е повредена.

>
>