ВИДЕО| Најмалку осум убиени на пукање на универзитет во Русија

 ВИДЕО| Најмалку осум убиени на пукање на универзитет во Русија

Бројот на загинатите во пукањето во Националниот истражувачки универзитет во Перм во понеделникот, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на извори од руските истражни органи,

Непознатиот напаѓач влегол на територијата на универзитетот во Перм и отворил оган врз студентите и професорите. Луѓето бегале, а некои дури и скокале од прозорците.

„Околу 11 часот по локално време (8 часот по средноевропски време) непознат вооружен напаѓач упадна во кампусот на Пермскиот универзитет и отвори оган“, соопшти универзитет.

„Како резултат на нападот осум луѓе загинаа, а уште неколку се ранети“, се наведува од рускиот Истражен комитет во кусата изјава, без повеќе поединости.

x