Видео: Набљудувајќи волци, научници откриле нешто неочекувано

 Видео: Набљудувајќи волци, научници откриле нешто неочекувано

Во проектот, чија мисија е подобро разбирање на однесувањето на волците, научниците експериментирале со овие животни, така што ставиле камера околу врат на осамен волк, а тоа им донело ново откритие.

Камерата 14 часа на почетокот од секој час снимала по 30 секунди, а истражувачите добиле цели 7 минути видео запис. Тој мал примерок многу ги научил за однесувањето на волкот.

Најголемото откритие е дека осамен волк може да фати риба. Само за тие седум минути, животното само уловило 3 риби на реката Еш, па научниците заклучиле дека биле уловени многу повеќе риби отколку што е документирано на снимките.

Досега е забележана само една глутница волци како ловат риби на истото место, меѓутоа сега е јасно како и другите волци го прават тоа, кога се сами.

>
>