ВИДЕО: Ново злосторство го потресе Белград – Мартин и Никола се степале, а пресметката завршила со убиство

 ВИДЕО: Ново злосторство го потресе Белград – Мартин и Никола се степале, а пресметката завршила со убиство

Морничаво злосторство се случило рано утрово во белградската општина Гроцка. Тело на средновечен маж било пронајдено во дворот на семејната куќа. Лешот го пронашла мајката на убиениот.

Покрај телото на мажот и крвавата глава пронајдена била и крвава цигла. Станува збор за 46-годишниот Мартин Ч. Полицијата утврдила дека во домот имало и пресметка.

Нешто подоцна, додека полицијата ршела увид во дворот, во Домот за здравје во близина лекарска помош побарал и 33-годишниот Никола Д. Тој според една верзија влегол со крвава глава и крвав дуксер, а според друга бил донесен во придружба на полиција со крвава рака, што би можело да биде одбранбена повреда.

Телото ќе биде испратено на обдукција, а мажот после укажаната помош ќе биде приведен на сослушување во полициска станица.

Како што дознава Курир.рс, Мартин и Никола се сзапознале во Црна Гора после што почнале да живеат заедно, инаку и двајцата се од Гроцка. Соседите велат дека во последно време постојано се карале и дека со денови од куќата се слушала бука, кавги и кршење, а Мартин наводно го скршил и прозорот во собата на Никола после одлулата Мартин да пријави во полиција семејно насилство над својата мајка.

Инаку соседите на нив гледале како проблематични момчиња иако по крајот не правеле проблеми. Двајцата ѝ се претходно познати на полицијата и имаат и кривини досиеја, напрво поради кражби и продавање дрога.

Како што пишува Курир.рс, тие двајца биле другари. Заедно живееле во куќата на мајката на Мартин, а синоќа се искарале и истепале на спратот од куќата. После тоа продолжиле да се тепаат се до дворот, каде најверојатно помладиот кон постариот замавнал со цигла.

„Итната помош излегла на терен во 05:30 часот и после 15 минути, констатирана била смрт кај маж“, стои во соопштението на Домот за здравје.

>
>