ВИДЕО: Паника во кокошарникот- снимена реакцијата на 4.200 кокошки за време на земјотресот во Хрватска

 ВИДЕО: Паника во кокошарникот- снимена реакцијата на 4.200 кокошки за време на земјотресот во Хрватска

Силните земјотреси утрово ги вознемирија жителите на Сисак и Петриња. Сопственикот на семејната фарма во Петриња објави снимки од надзорните камери на кои се гледа како земјотресот вознемири илјадници кокошки на неговата фарма.

Според хрватската сеизмолошка служба, земјотресот во 6:28 часот бил со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала. По неколку послаби потреси, нешто пред 8 часот во период од неколку минути, следеа два посилни удари, од 4,7 и 4,1 степени по Рихтер.

Семејството Чаиќ, сопственици на семејната фарма Петриња, објави снимка од надзорната камера на горниот кат на фармата, што покажува дека земјотресот вознемирил повеќе од 4.200 кокошки.

Тие велат дека за среќа немало поголеми штети на имотот и додаваат дека снимките покажуваат дека животните не го почувствувале земјотресот.

„Сега, кога ги гледам снимките, тоа е смешно за нас, но утрото не беше така“, велат сопствениците.

>
>