
ВИДЕО: Пензионер од струшко самоиницијативно ги чисти од снег патиштата до десетина села
Љуљзим Мена, 64-годишен пенизонер од струшкото село Мислодежда, веќе четири години самоиницијативно, со свое возило на кое има поставено плуг, го чисти снегот од локалните патишта кои водат до десетината села во регионот на Струга, објави Гласот на Америка на македонски јазик.
Локалните жители велат дека Мена понекогаш и двапати поминува по патиштата долги педесетина километри за да помогне во чистењето на снегот.
Љуљзим честопати стигнува прв, пред да дојдат дури и оние кои се должни да ги исчистат патиштата. Мена е пензионер, кој својот работен век го поминал во Швајцарја, но пред неколку години повторно се враќа во својот роден крај.