(Видео) По 15 години Италијанците славеа титула, погледнете дел од атмосферата

 (Видео) По 15 години Италијанците славеа титула, погледнете дел од атмосферата

Италијанците ги преплавија улиците и плоштадите вчеравечер, по освојување на европската титула во финалето на ЕП на „Вембли“ против репрезентацијата на Англија.

Огномети и музика одекнувале ширум Италија, откако репрезентацијата успеа да ја совлада Англија на пенали (3:2), а еуфоријата се чувствуваше насекаде.

„Тоа е неверојатно, неверојатно… Не може да се чувствувате подобро од ова, победивме во финале“, изјавил Стефано Гучи, навивач од Италија.

Италијанците ги пофалиле и избраниците на Роберто Манчини поради тоа што земјата ја извлекле од длабокото разочарување откако не успеале да се класифицираат за Светското првенство во 2018 година во Русија.

„Голема благодарност до Роберто Манчини и нашите играчи кои добро ја претставија Италија“, изјавил италијанскиот претседател Серџо Матарела.

„Ни подаривте волшебна ноќ“, изјавил шефот на италијанскиот олимписки одбор Џовани Малаго.

>
>