ВИДЕО: Погледнете како тресеше земјотресот во Маврово

 ВИДЕО: Погледнете како тресеше земјотресот во Маврово

Вчера во повеќе градови низ Македонија се почувствуваа земјотресите чиј епицентар беше во мавровскиот регион. Првиот најсилен во 4.55 со јачина од 5.5 степени ги разбуди граѓанте, епицентарот беше во Леуново, во близина на Маврово.

Потоа следен по јачина беше оној во 15.25 минути попладне со јачина од 4.8 степени.

Граѓаните се вознемирија,а штети поголеми не беа пријавени освен неколку штетени куќи на Галичник и одрон на патиштата.

Од утрово на Јутјуб се појави снимка од викендица во Маврово, од епицентарот на првиот земјотрес, на која се гледа како буквално се тресе сè.