(Видео) Пожар во руски рудник: Најмалку 11 загинати, десетици се затрупани под земја

 (Видео) Пожар во руски рудник: Најмалку 11 загинати, десетици се затрупани под земја

Четириесет и пет рудари останаа заробени по пожар во рудник за јаглен во областа Кемерово во рускиот Сибир, соопшти регионалниот истражен одбор. Според најновите податоци, најмалку за 11 лица досега е познато дека загинале.

Во тек е операција за евакуација во рудникот, пришто спасени се 70 рудари.

„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад. Бројот на жртвите се утврдува“, се вели во соопштението на одборот.

x