ВИДЕО: Протест во Струга – се бара изградба на велосипедска патека

 ВИДЕО: Протест во Струга – се бара изградба на велосипедска патека

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, струшките велосипедисти денеска излегоа на протест пред општината.

Тие бараат Општина Струга и ЈП „Македонски патишта“ да изградат велосипедска патека на патот Струга – Охрид.Ваквото барање се должи на тоа што се чувствуваат загрозени во сообраќајот.

>
>