ВИДЕО: Пукање среде ресторан во Нови Сад – прво претепал маж, а потоа извадил пиштол и почнал да пука

 ВИДЕО: Пукање среде ресторан во Нови Сад – прво претепал маж, а потоа извадил пиштол и почнал да пука

33-годишниот Д.Џ. од Нови Сад упаднал вчера вечерта во познат ресторан во тој град, па нападнал прво еден гостин, а потоа го извадил пиштолот и испукал два куршуми. Потоа избегал.

Напаѓачот бил истата вечер уапсен, информираат српските медиуми.

На полицијата не ѝ требало многу да го идентификува, благодарение на снимката од безбедносната камера која е објавена и на социјалните мрежи.

Одредено му е задржување од 48 часа, а потоа ќе биде приведен со кривична пријава од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.