ВИДЕО: Пукање во Њујорк – ранети 5 лица, меѓу нив и деца

Пет лица, меѓу кои и две деца, ранети се при пукање во Њујоркс, објави НБЦ, повикувајќи се на полициски извори.

Пукањето се случило во средата нешто пред 16 часот по локално време во Бронкс.

На снимките од безбедносните камери се гледа како напаѓачот истрчува кон некое лице и пука пет куршуми.

Сопственикот на блиската продавница рекол дека неколку ранети истрчале во неговиот локал барајќи помош.

Њујорк тајм објавил дека ранети се две момчиња, на возраст од 10 и 14 години, како и една 19-годишна девојка.

Ранетите се префрлени во болница, а никој од нив не е животно загрозен. Полицијата трага по напаѓачот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds