ВИДЕО: Пукање во преполн парк – луѓето врескаа и трчаа на сите страни, Тексас на нозе

ВИДЕО: Пукање во преполн парк – луѓето врескаа и трчаа на сите страни, Тексас на нозе

Пет лица се повредени при пукање во парк во градот Форт Ворт во Тексас, пренесува Си-Ен-Ен.

До пукање дошло вчера, после огномет, кога според изјавите на сведоците се слушнало пукање на 30 куршуми.

Во паркот во тој момент имало 600 лица.

Полицајците кои се нашле на местото на настанот пронашле пет повредени лица и ги однеле во болница. Од полицијата е соопштено дека три лица се полесно повредени, додека две се во критична состојба.

Истрагата во моментов е во тек, а во неа, покрај локалната полиција, учествуваат и полицијата на Тексас, како и федералната полиција.

Во Тексас мерките за карантин беа укинати на 1. мај, а во план е дополнително ублажување на мерките. Парковите се повторно отворени, а на луѓето се апелира да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds