
Видео: Пукање во Виена, ранет е полицаец
Најмалку едно лице е застрелано вечерва кај во близина на синагога во центарот на Виена.
Полицијата е на местото на настанот. Медиумите пренесуваат дека е ранет полицаец.
Локалните медиуми јавуваат дека луѓето бегале од тој дел на градот откако чуле пукање.
На Твитер се појави и видео на кое се слушаат пукотници.