
(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни
Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат од карпите.
Метеоролозите претходно најавија дека делови од Грција ќе се соочат со многу редок метеоролошки феномен што ќе го погоди грчкото крајбрежје, со многу силни налети на ветер и огромна количина врнежи.
„Танјуг“ објави дека под ударот на циклонот јахтата што пловела под знамето на Швајцарија, носена од силни ветрови и од струјата, одлетала на карпите на полуостровот Итака.
Како што се наведува, лицата што биле на јахтата успеале без помош да стигнат до брегот, пренесе агенцијата АНА.
Најновите прогностички модели покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.
Во Грција е издадено предупредување на високо ниво, а жителите се повикани да се засолнат.