(ВИДЕО) Рекордно количество дожд наврна во Италија, половина милион молњи за 48 часа

 (ВИДЕО) Рекордно количество дожд наврна во Италија, половина милион молњи за 48 часа

Сателитската слика што ја покажува количината на врнежи над Италија во последните 36 часа, на Твитер ја објави шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

“Италија … нов европски рекорд. Неверојатни 740,66 милиметри дожд за само 12 часа”, напишал Данкан.

„Во Италија беше соборен нов национален рекорд за количеството дожд што падна за шест часа, а потоа и европски рекорд за количина на дожд во периодот од 12 часа. Ова е сателитска снимка за последен 36 часа “, напишал метеорологот.

Каков дожд бил, можеби најдобро се илустрира со податоците измерени во градот Росиглион, недалеку од Џенова. Таму, во понеделникот и вторникот, во 12-часовниот период паднале 741,68 мм дожд, што е речиси 60% од вкупниот износ што паѓа во тој град за една година.

Неверојатни половина милион удари од гром се регистрирани во Италија во период од 48 часа.

извор/фото: агенции

>
>