(Видео) Русите убија 10 цивили кои стоеја во ред за леб, тврдат украински медиуми

(Видео) Русите убија 10 цивили кои стоеја во ред за леб, тврдат украински медиуми

Украинските медиуми наведуваат дека утрово околу 10 часот по локално време во градот Чернигов биле убиени 10 цивили кои стоеле во ред за леб.

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов, убивајќи најмалку десет од нив“, пишува „Суспилне“.

„Руските трупи во еднен кварт гаѓале луѓе кои стоеле во ред за леб. Ова од местото на настанот го пренесе нашата дописничка наведувајќи дека гранатирањето се случило на 16 март околу 10 часот. Притоа, најмалку десет цивили ги загубија животите“, се додава во веста.

„Суспилне“ на „Твитер“ објави видео од местото на настанот, но неговата автентичност се уште не е официјално потврдена. Амбасадата на САД во Киев, исто така, соопшти дека руските сили убиле 10 луѓе кои стоеле во ред за леб во Чернигов.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds