ВИДЕО: Семеен масакр во Косово – маж си ги уби сопругата и двајцата синови, па се самоуби

 ВИДЕО: Семеен масакр во Косово – маж си ги уби сопругата и двајцата синови, па се самоуби

Страшна трагедија се случи доцна синоќа кај Косовска Витина кога маж ги уби сопругата и синовите, а потоа се самоуби.

Четири лица беа убиени со огнено оружје во селото Пожарање кај Косовска Витина , потврдија косовската полиција и окружното обвинителство во Гњилане. Сите убиени биле членови на исто семејство .

Од полицијата велат дека е рано да се зборува за мотивите на овој трагичен случај. Сите полициски екипи се на местото на настанот.

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Витина се случило четирикратно семејно убиство и објави дека истрагата е во тек, пренесува „Коха диторе“.

Се сомнева дека Фетах Зука со огнено оружје ги убил сопругата Макфири Зука и неговите две деца Х.З и А.З., и на крајот извршил самоубиство . Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина, се вели во соопштението.

Медиумите наведуваат дека семејството дошло од Швајцарија за празниците, а се претпоставува дека човекот сам си пресудил во дворот на куќата откако ги убил сопругата и двете момчиња .

Тие се во лоша врска со години. Тој прво ја уби сопругата, а потоа и момчињата. Излезе во дворот и се застрела во устата, рекол извор за настаните.

Извори од обвинителството во Гњилане за „Газета“ изјавиле дека причината што довела до убиството е конфликтот што брачниот пар го имал во странска земја каде што живееле.