ВИДЕО: Си-Ен-Ен објави драматични снимки од Русија – телата на мртвите се наредени едно врз друго на под

 ВИДЕО: Си-Ен-Ен објави драматични снимки од Русија – телата на мртвите се наредени едно врз друго на под

На видео снимки кои се шират на социјалните мрежи се гледа дека болниците во Русија се преполни и дека има е здравствениот систем преоптоварен.

„Вака изгледаат нашите ноќи: застрашувачки“, раскажува машки глас на една снимка и додава дека уште две лица починале на неговото одделение. Овој видеозапис на Си-Ен-Ен им го дал рускиот лекарски синдикат кој е поврзан со опозицијата. Се наведува дека оваа сцена на средината на октомври ја снимил член на болничкиот персонал во гррадот Улјановски.

На други снимки до кои дошле Си-Ен-Ен исто така се гледаат застрашувачките услови во пренатрупаните објекти. Некои мртовечници се толку полни што телата на починатите се наредени едно врз друго на подот.

Ваквите глетки укажуваат дека тоа реалниот број на смртни случаи во таа земја е поголем од оној којшто се соопштува.

Минатиот месец руската влада признала дека доаѓа до се поголемо оптеретување на здравствените установи, а заменичката премиерка Татјана Голикова изјавила дека во 5 најзагрозени региони се пополнето повеќе од 95 отсто болнички кревети.

Возач на Итна помош во Соратовската област, кој сакал да остане анонимен, рекол дека во неговата болница одбиваат да примат пациенти со потешки симптоми.

„Лекарите дури одбиваат да примат постари пациенти кои отежнато дишат. Велат дека не е потребно да бидат хоспитализирани, но вистинската причина е тоа што на одделението нема доволно место“, рекол тој.