Видео: Силна експлозија го затресе центарот на Белград, има жртви и повредени!

 Видео: Силна експлозија го затресе центарот на Белград, има жртви и повредени!

Силна детонација, утрово околу 9:45 часот, одекнала во центарот на српскиот главен град Белград.

Од Брзата помош во Белград навеле дека едно лице кое било повредено било пренесено во одделението за реаниманица во Ургентниот центар, но засега нема подетални информации.

Неофицијално работници од компанијата „Енинг енергетик“ од автомобил паркиран пред зграда изнесувале боци за заварување и тоа би можело да претставува причина за експлоцијата која нанела штети на зградата на „РТС“ и службените возила во близина.

Работниците кои први дошле на помош велат дека прво виделе човек со окрвавена глава и дека го влечеле до влезот на РТС каде го презела Итната помош.