(Видео) Силна експлозија во Велика Британија, има загинати

 (Видео) Силна експлозија во Велика Британија, има загинати

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во голема експлозија  што се случи во магацин во Ејвонмаут близу Бристол, Велика Британија.

Еден од сведоците рекол дека се слушнала „многу силна експлозија“, која ги потресла зградите, додека друг рече дека десетина амбуланти излегле на местото на настанот, пренесува Би Би Си.

Се претпоставува дека станува збор за постројка за отстранување отпад, пишува „Скај њуз“.

„Ни беше пријавена голема експлозија во 11,22 часот (по локално време) во еден магацин во Ејвонмаут. Противпожарните екипи се на самото место “, велат пожарникарите.

>
>