ВИДЕО: Силно невреме во Германија – поплавено метрото во Штутгарт

 ВИДЕО: Силно невреме во Германија – поплавено метрото во Штутгарт

Швајцарија како и дел од Германија и Франција ги погоди силно невреме. Обилните дождови го парализираа сообраќајот во Штутгард, јавуваат тамошните медиуми.

Засега нема информации за евентуални жртви и повредени во Германија. Во Швајцарија, пак, повредени се пет лица.

Неколку тунели на метрото во предградието на Штутгарт се поплавени, што предизвика делумен застој на сообраќајот, објави полицијата.

Според синоптичарите, невремето би требало да се движи кон средишниот дел на земјата.

– Возовите во регионот на Штутгарт во моментот не може да сообраќаат“, порачаа од компанијата „Дојче Бан“.

Силниот ветар го оштети и кровот на операта во Штутгарт, што е причина за откажување на сите претстави.

x