(ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска, црвен аларм за цел Јадран!

 (ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска, црвен аларм за цел Јадран!

Големо невреме доаѓа кон Јадранот. Најавено е предупредување од највисок степен за целото крајбрежје.

Црвениот метео аларм е прогласен заради очекувањата брзината на ветерот да достигне и до 130 километри на час, претежно на отворено море.

Со вакви ветрови, метеоролозите очекуваат видината на брановите на крајбрежјето да достигне до пет метри, пренесува порталот „Индекс“.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Findex.hr%2Fvideos%2F382136562858587%2F&show_text=0&width=560

Утрово делови од Омиш биле целосно под вода, пишува „Далмација“. Како што се наведува, високата  плима, заедно со бурата и силните ветрови, довеле до зголемување на нивото на морето, па поголемиот дел од градот бил поплавен.