
Видео: Силното невреме во Охрид за неколку секунди ги испразни локалите
Невремето за неколку секунди ги испразни охридските локали, а кајчињата и бродчињата полни со туристи забрзано со повлекоа на копно.
Со оглед дека петок (18.06) беше неработен ден, голем дел до скопјани се упатија кон најпосетуваниот македонски град во летните месеци – Охрид.
Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи се појавија многу фотографии и видеа од големите гужви на патарините на пат кон Охрид, па домашните туристи веројатно немаа голема среќа, кога се временските услови во прашање.
Деновиве во југозападниот дел на Македонија се бележи променливо време.
Времето до крајот на денов наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат, а во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.