
ВИДЕО: Снего предизвика хаос во Анкара – автомобили се лизгаа по улиците, возачите целосно немоќни
Замрзнати патишта направија големи проблеми во Анкара.
Еден 13-годишник снимил како автомобил се лизга низ стрмната замрзната улица.
Возачите биле прилично немоќни и губеле контрола над автомобилите, па многу од нив доживеале сообраќајни несреќи.
Според Ројтерс, оштетени се повеќе од 10 автомобили.