(ВИДЕО) Снежно невреме блокираше делови на САД
Големо снежно невреме што го погоди западниот брег на САД ги блокираше патиштата и се заканува да ги загрози плановите на Американците кои планираат да заминат на пат за Денот на благодарноста, откако повеќе авиокомпании ги откажаа летовите. Во Колорадо досега има 30 сантиметри снег, а во регионот на Денвер ветерот достигнува брзина над 70 километри на час.