ВИДЕО: Снимен моментот на личнување на претседателот на Собранието на Ерменија – Мирзоијан во тешка состојба

 ВИДЕО: Снимен моментот на личнување на претседателот на Собранието на Ерменија – Мирзоијан во тешка состојба

Во главниот град на Ерменија, Јереван, настанал целосен хаос откако бил постигнат договор за прекин на конфликтите во Нагорно-Карабах. Народот излегол на улица незадоволен поради најновата ситуација.

Покрај зградата на ермснкиот парламент, демонстрантите ја заземале и зградата на Владата и таму кршеле инвентар, прозорци и врати.

Како што пренесува Спутњик Ерменија, претседателот на ерменскиот парламент Арарат Мирзојиан бил претепан од страна на демонстрантите.

Бројни снимки од местото на настанот кружат по социјалните мрежи и покажуваат исклучително драматични сцени. На една од нив наводно се гледа моментот на линчување на претседателот на собранието.

Како што пренесуваат светските медиуми, демонстрантите го опколиле автомобилот на претседателот на ерменскиот парламент, па почнале да удираат по него. Претседателот на парламентот бил нападнат, демонстрантите го претепале, а како што пренесува РТ тој е во тешка состојба.