
ВИДЕО: Снимено што Русите донеле во Нагорно – многумина велат дека тоа е иднината на војувањето
Руската војска во регионот Нагорно-Карабах распореди напреден систем за елекстронско војување РБ-341В „Леер3“, пренесуваат странските медиуми.
Како што е наведено, системот е заснован на камионите КамАЗ-5350 6×6, а го развил специјалниот технолошки центар „ЛЛЦ“ со седиште во Санкт Петербург. Конвојот камиони забележан бил додека се движел кон Карабах.
Инаку Леер-3 првпат бил претставен во јавноста во 2015 година и дизајниран е за надгледување и напад на ГСМ комуникацијата.
Секој Леер-3 се потпира на еден или два дрона Орлан-10, кои носат опрема за електронско војување. Дронот може да остане во воздух 16 часа и има мрежа од 140 километри.
Руските мирвници во Нагорно-Карабах ќе користат Леер-3да го надгледуваат спреведувањето на мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан.
Да потсетиме, лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алијев и Никол Пашињан, потпишале на 9. ноември заедничка изјава за целосен прекин на борбените дејства во Нагорно-Карабах.