ВИДЕО: Снимка го открива хаосот што го предизвика ураганот Ида – пожарникарна станица потопена за еден час

 ВИДЕО: Снимка го открива хаосот што го предизвика ураганот Ида – пожарникарна станица потопена за еден час

Најмалку две лица загинале, а повеќе од милион жители ширум Луизијана и Мисиспи се без електрична енергија после ударот на ураганот Ида, кој во меѓувреме ослабел во тропска бура.

Во Њу Орлеанс се потопил возач, додека во Батон Руж било соборено дрво кое паднало врз лице, пренесува Галсот на Америка.

Портпаролката на гувернерот на Лузијана, Џон Бела Едвардс Кристина Стивенс рекла дека поради обемот на разорност има многу повеќе потврдени жртви и бројот ќе расте. Истакнал дека скоро никој во Лузијана нема електрична енергија и дека е пореметено снабдувањето со вода.

На социјалните мрежи се појавила и снимка од пожарникарната станица во Луизијана која била потопена од водата за еден час.

x