ВИДЕО: Среде степа се појави замрзнат вулкан – необичен феномен, сите брзаат да се фотографираат со него

 ВИДЕО: Среде степа се појави замрзнат вулкан – необичен феномен, сите брзаат да се фотографираат со него

Во Казахстан среде степа настана огромен замрзнат вулкан.

Во тоа подрачје на лето е се зелено, додека за време на зимата и силните снегови се појавува ова чудо од природата.

Според наводите на телевизија Ѕвезда, ефектот на ерупција се постигнува поради артешката вода под земја кога температурите се под нулата. Висината на таквата природна „статуа“ може да достигне до 14 метри.

Без оглед на тоа што оваа знаменитост се наоѓа прилично далеку од престолнината на Казахстан, конкретно на 4 часа возење, таму секогаш има многу луѓе.

„Петстотини километри таму и назад, а останаа се на се 20 минути. Но вредеше. Станува збор за неверојатна убавина“, напишала една од корисничките на Инстаграм.

Сите се брзаат да се фотографираат со „замрзнатиот вулкан“ додека не почне топењето на мразот. Туристичките агенции дури организираат специјални излети до него.

>
>