ВИДЕО: Страшна сообраќајка во Загреб – „ауди“ налета на паркирани возила, пешаци едвај спасуваа жива глава

 ВИДЕО: Страшна сообраќајка во Загреб – „ауди“ налета на паркирани возила, пешаци едвај спасуваа жива глава

Колку среќа може да има во сообраќајна несреќа може да се види во застрашувачката снимка од страшната несреќа на возач на „ауди“ во Загреб, кој изгуби контрола над возилото и со полна брзина удри во паркирани возила на тротоарот покрај кој имаше и пешаци. Според информациите, за голема среќа, никој не е повреден.

Ужасниот инцидент го снимиле улични камери, а видеото покажува како „аудито“ лета близу двајца пешаци.

Едниот пешак на тротоарот го спасија паркираните возила кои беа удрени од „аудито“, додека другиот во последен момент успеа да ја избегне трагедијата.

Засега не е познато во каква состојба е возачот на „аудито“ и која е причината за несреќата.

x